Селекторот Ангеловски ја следеше во живо одличната игра на Барди против Реал Мадрид (ФОТО)

Леванте го победи Реал Мадрид, Енис Барди беше фантастичен, а сето ова од трибините го следеше селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски. Секако, задоволен е од изданието на репрезентативецот. Енис Барди треба да биде еден од адутите на нашиот национален тим на дуелот против Косово во плејофот од Лигата на нации.

“Енис Барди беше одличен, посебно во второто полувреме. Драго ми е што присуствував на еден ваков натпревар кога Барди и Леванте успеаја да остварат значаен триумф против Реал”, вели за ЕКИПА од Валенсија, селекторот Игор Ангеловски.

Се вчитува...