Селекторот Лазаров ги избра патниците за Алборг

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го одреди списокот на ракометари на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против Данска во четвртото коло.

Во Алборг нема да патува Стојанче Стоилов за кој уште вчера беше објавено дека се соочува со повреда на половината. На списокот се наоѓаат и Мартин Серафимов, Марко Кизиќ, Михаил Аларов и Емилијан Ѓорѓовски кои не настапија на првиот меч во Скопје. На списокот се и Кирил Лазаров и Филип Миркуловски кој имаше свој кам-бек во репрезентацијата, но најавите од тимот велат дека поголема шанса на овој меч ќе добијат младите ракометари.

Македонските репрезентативци во 16 часот со чартер-лет заминуваат за Алборг, каде утре во истиот термин ќе го одиграме мечот со Данска.

Се вчитува...