Селекторот Лазаров го објави списокот: Со тројца ракометари на Алкалоид на двомечот со Египет

Селекторот Кире Лазаров го објави списокот на ракометари кои се повикани за претстојната ЕХФ-седмица, што Македонија ќе ја искористи за двомеч со силен противник – репрезентацијата на Египет закажан за 5 и 6 ноември во Каиро.

Лазаров реши да повика тројца ракометари на Алкалоид, и тоа Мартин Серафимов и Игор Ѓоргиев, кои беа дел од националниот тим и во минатиот циклус, како и Кристијан Симоновски.

Во репрезентацијата се враќа и Томи Јагуриновски, кој неодамна направи трансфер од Вардар во исландски Тор, како и младите Митев и Атанасијевиќ, кои имаа одлични настапи за младата репрезентација на последниот ЕХФ-шампионат во Скопје.

Собирот е закажан на ден 31.10.2021 година со почеток во 14:00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.

Се вчитува...