Селекторот на Австрија: Македонците имаат поддршка од трибини, ние мораме да останеме „кул“…

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Австрија пренесува два бода од првата фаза наспроти еден бод со кој Македонија влегува во овој дел од мундијалот, но селекторот Алеш Пајович со голем респект гледа на нашата национална селекција.

„Ја почитувам Македонија, тоа е репрезентација што се бори, што игра со срце и со карактер, исто како и моите момци. Знаеме дека нема да ни биде лесно, Македонците играат многу преку пивот, ќе мораме да бидеме внимателни од тој аспект. Ќе имаат и поддршка од трибините, видовме како тоа изгледаше во првата фаза, но ние мораме да останеме „кул“ и да ја играме нашата игра“, изјави Пајович.

Словенецот на клупата на австриската репрезентација се соочи со огромни проблеми поради неиграњето на Билик и Божовиќ, а згора на тоа во второто коло од овој мундијал остана и без Живковиќ.

„Немаме класичен играч што шутира со левата рака, тоа секогаш е незгодно, но Елијас Кефлер добро се снајде на таа позиција на претходните средби. Се надевам дека така и ќе продолжиме“, прокоментира селекторот на Австрија.

Се вчитува...