Селекторот на фудбалската репрезентација на Данска, Брајан Ример беше задоволен од ждрепката за плеј-офот за пласман на Светското првенство. Данците ќе играа против Македонија во полуфиналето, а потоа подобриот од овој меч оди на подобриот од дуелот Ирска – Чешка во финалниот бараж.
Ример не кажа ништо за Македонија, но рече дека сакал да ги избегне Шведска, Албанија и Полска.
„Сакавме да ја избегнеме Шведска, и тоа ни успеа. Исто така сум малку среќен што ги избегнавме и Албанија и Полска од друга страна, па мислам дека севкупно добивме добра ждрепка. Сите кои беа тука се надеваа дека ќе играат дома во вториот меч. Секако дека и ние се надевавме на такво нешто, но во ред. Како е така, и мора да го прифатиме“, рече Ример.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

