Селекторот на Исланд внимателен: Оваа група ќе биде голем предизвик на СП

Селекторот на Исланд, Гудмундур Гудмундсон пред стартот на подготовките пред настапот на претстојното СП во Германија и Данска, нагласи дека посебен акцент ќе биде ставен на играта во одбраната. Исланд е еден од противниците на Македонија во групата Б во Минхен.

„Мое мислење е дека клучот за успех во овој спорт е силната игра во одбраната на која грбот и го чуваат голманите. Тоа отвара шанса за брза акција во нападот. Се разбире, ние мора да бидеме успешни и во нападот, имаме добри играчи. Можеби најслаби сме на линијата каде имаме малку искусни играчи. Но, ние само треба да го искористиме најдобро тоа што го имаме“ – истакна исландскиот селектор.

На прес-конференцијата прес стартот на подготовките, Гудмундсон нагласи дека прва цел за селекцијата на Исланд е да се освои едно од првите три места во групата и да се обезбеди пласман во втората фаза од Мундијалот.

„Сакаме да стигнеме до Келн, без разлика дали тоа ќе биде со неколку пренесени бодови или не. Нема да биде едноставно да се обезбеди пласман во главната фаза од оваа група. Тоа ќе биде голем предизвик“ – истакна Гудмундсон.

Македонија и Исланд играат меѓусебен на 17 јануари во последниот натпревар од групната фаза кој според многу проценки и за едните и за другите може да биде решавачки за пласман во главната фаза.

 

Се вчитува...