Селекторот на Исланд за дуелот во Скопје ги смени двајцата голмани

Селекторот на Исланд, Гудмунд Гудмундсон се одлучи да ги промени двајцата голмани за неделниот натпревар против Македонија во Скопје.

Гудмундсон и по синоќешниот пораз (33-34) од македонската репрезентација во Рејкјавик истакна незадоволство од начинот на кој двајцата голмани го чувале голот, па сега се одлучи дома да ги остави Бјоргвин Густавсон и Арон Едвардсон а на нивно место во Скопје ќе бидат Агуст Бјоргвинсон и Виктор Халгримсон.

Бјоргвинсон, кој е член на шведски Савехоф, беше дел од селекцијата на Исланд на ЕП 2018 и СП 2019, додека 18-годишниот Халгримсон е член на Фрам и сега ги бележи првите настапи во националниот тим.

Исланд во Скопје доаѓа во текот на утрешниот ден. Квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП 2020 против Македонија се игра в недела (14. април) од 18 часот.

Се вчитува...