Селекторот на Лихтенштајн: Нашите играчи се студенти, банкари… имаат секојдневна работна рутина

Лихтенштајн, нашиот следен противник е селекција која е составена од полуматерски фудбалери. Освен 1-2 играчи, останатите сите играат во аматерски клубови и лиги во Европа.

Играат по регионите во Австрија, Швајцарија, Германија, но имаат доста искуство со играње интернационални мечеви во репрезентацијата.

Селекторот Мартин Стокласа во интервју за „Тагешпигел“ во септември оваа година, непосредно пред мечот со Германија, кажа дека главно неговите фудбалери имаат работна рутина, односно освен фудбал се занимаваат и со други професии.

„Освен 1-2 играчи професионалци, другите се полупрофесионални. Главно имаме студенти, но има и банкари, вработени во осигурителна компанија…“, кажа Стокласа.

Тој исто така призна дека дел од играчите тренираат само по три пати неделно, и дека сега има навика да ги собира фудбалерите на тренинг, особено оние кои играат во Лихтенштајн, без термините на УЕФА.

„Инфраструктурата е одлична, но играчите се на аматерско ниво. Сега одиме на начин да тренираме и кога нема официјални натпревари. Меѓу јануари и април оваа година направив 40 тренинзи со националниот тим. Успеавме да направиме тренинзи колку што можеме“, рече Стокласа.

Целото интервју на следниот ЛИНК

 

Се вчитува...