Селекторот на Романија: Плачев во соблекувалната

После „пировата“ победа на Романија над Лихтенштајн во Вадуц, селекторот на романскиот национален тим Мирел Радои потврди дека заминува од функијата. Радои кажа дека овие квалификации ги смета за неуспех, и дека неговиот договор завршува, а одлучил дека нема да го продолжи.

Призна дека после дуелот со Лихтенштајн, и дознавањето на резултатот од Скопје, им соопштил на играчите дека се разделува, и декап пуштил и некоја солза во соблекувалната.

„Ова е мојата последна прес-конференција како селектор на Романија. Ја донесов одлуката. Не успеавме да се пласираме на второто место и за мене работите се јасни. Одлучив да не го продолжам договорот со романската федерација, кој ми истекува на крајот од месецот. Не ми беше лесно. Им кажав на момците и плачев во соблекувалната. И мажите понекогаш плачат“, рече Радои на прес-конференцијата во Вадуц.

Романија ја испушти шансата за бараж по ремито 0:0 на домашен терен со Исланд, со што чекаше Исланѓаните истото да го сторат во Македонија, но не успеаја. Вечерва во Скопје се славеше, а во Романија се тагуваше поради тоа што не успеаја да обезбедат пласман во баражот.

Се вчитува...