Ангеловски револтиран на Израелците: Им благодарам за „гостопримството“, ќе им вратиме со иста мера…

ЕКИПА во Израел,

Никола Ѓуровски

Македонскиот селектор Игор Ангеловски е оптимистички расположен во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Израел во Бер Шева. Предводникот на националниот тим е свесен дека Македонија ја очекува повеќе од тежок натпревар со противник кој е решен максимално да атакува на трите бода, но верува во избраниците кои се подготвени за квалитетно издание во Израел.

Но, Ангеловски на прес-конференцијата во Бер Шева не го криеше и незадоволството од третманот на националниот тим во Израел.

„Сакам да им се заблагодарам на Израелците за “гостопримството”. Ни овозможија да ги видиме убавините на земјата со долго патување. Ги уверувам дека ќе им вратиме во иста мера“ – истакна Ангеловски, притоа осврнувајќи се на дуелот со Израел.

„Добро го познаваме Израел, игравме и пред две години, се надевам дека ќе пружиме добра игра и дека ќе извлечеме бодови. Израелците имаат неколку промени, ние можеби и со 90% ист состав, иако имаме повредени фудбалери, но лекарскиот тим прави максимални напори да бидат оспособени. Сепак, не се сомневам дека кој и да добие шанса комплетно ќе одговори на предизвикот“.

Се вчитува...