Македонската репрезентација, иако некомплетна, во турбо-ритам ги одработува подготовките за квалификациските натпревари против Полска (7. јуни) и против Австрија (10. јуни) во Скопје.
Максимално активно е на тренинзите на националниот тим на кои и селекторот Игор Ангеловски не ретко се впушта во дуел со репрезентативците…
„За мене репрезентацијата е многу повеќе од селекторско место. Нема ништо посвето од тоа да го водиш националниот тим, а уште повеќе кога работиш со вакви фудбалери и соработници” – истакна Ангеловски по потпишувањето на новиот договор со ФФМ, сега со важност до декември 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА