Селекторски маки за Лазаров: Прво нови тестови, па список за ЕП 2022

ЕКИПА во Дебрецен,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација се соочи со огромни проблеми откако во „пет до дванаесет“ пред тргнувањето за Унгарија беа добиени пет позитивни резултати, на ракометари и членови на стручниот штаб.

Селекторот Кире Лазаров се соочува со сериозен проблем и предизвик, но останува да се види дали ова се единствените позитивни случаи со оглед на брзото ширење на омикрон сојот. Поради тоа, утрово врз ракометарите било извршено ново тестирање, а веднаш по добивањето на резултатите ќе биде откриен и конечниот список на играчи за ЕП.

Македонската ракометна репрезентација денеска во 14:10 часот попладне заминува за Дебрецин – Унгарија , а првиот меч од групната фаза ракометари ќе го одиграат на 13 јануари (четврток) во 18:00 часот против репрезентацијата на Словенија.

Се вчитува...