Селекцијата до 16 години на камп во Кичево: И синот на Иксел Османовски дел од репрезентацијата!

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години моментално се наоѓа во Кичево на зимски тренинг камп, каде што ќе се проверува и подобрува физичката форма на играчите пред претстојните предизвици.

Тренинг кампот на младата селекција на Македонија ќе трае до 25. февруари.

„Имаме одлични услови и тренираме напорно на овие подготовки, работиме со добра динамика и напредуваме во континуитет. Владее позитивна атмосфера во репрезентацијата. Сите сме максимално фокусирано на овие припреми и се трудиме од ден во ден да бидеме се подобри. Верувам дека оваа генерација на фудбалери има квалитет и може да се надева на остварување на успех. Мораме да функционираме како еден колектив, само така можеме да оствариме и да направиме нешто големо. На есен не очекуваат квалификациите за пласман на Европско првенство. Имаме доволно време и можност да се подготвиме на највисоко ниво до тогаш. Веруваме во нашите квалитети, имаме одлична комуникација со нашиот селектор и стручниот тим, подготовките течат во најдобар ред, сите заедни веруваме во успех“ – вели капитенот на младата селекција, Александар Грашески.

На собирот во Кичево под палката на селекторот Раде Каранфиловски е и Дени Османовски од шведски Хелсинборг, син на поранешниот шведски репрезентативец со македонско потекло, Иксел Османовски.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Раде Каранфилоски за моменталните подготовки во Кичево, располага со следните фудбалери: Антониј Трајковски (Работнички), Дарко Јовчев (Македонија Ѓ.П), Александар Трајков (Брера), Енвер Фејзуловски (Пелистер), Мартин Џангаровски (Брера), Симон Крстев (Брегалница), Ристе Стоилов (Брера), Матео Кесиќ (Брера), Лука Варошановски (Брера), Лорен Жаку (Воска спорт), Матеј Герасов (Работнички), Давид Ангелевски (Пелистер), Флорент Османи (Шкендија), Блерон Бајрами (Вардар), Алек Сиваков (Пелистер), Стефан Бујаровски (Вардар), Јован Мармачовски (Пелистер), Александар Грашески (Њу Старс), Бленди Ганиу (Шкупи), Габриел Талевски (Брера), Костантин Апостоловски (Работнички), Алесандро Грујоски (Лундс), Дени Османовски (Хелсинборг), Душан Бојовиќ (Вардар), Матеј Сејменов (Брера).

Се вчитува...