Селекцијата до 16 години со минимален пораз од Турција

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години загуби на пријателскиот натпревар со соодветната селекција на Турција.

Македонскиот национален тим во главно израмнет натпревар загуби со 2-1 од Турците, кои имаа предност и од 2-0 но Македонија со убав гол на Бленди Ганиу во 74. минута успеа да го ублажи поразот.

Македонија: Антониј Трајковски, Енвер Фејзуловски, Мартин Џангаровски, Алекс Запончек, Ристе Стоилов, Матео Кесиќ, Давид АНгелески, Стефан Бранковски, Александар Грашевски, Флорент Османи, Ненад Дамјановски;

Резерви: Иво Марковски, Александар Трајков, Стефан Стаматоски, Лорен Заку, Бленди Ганиу, Андреј Петрески, Матео Каранфилоски, Лука Варошаноски, Душан Бојовиќ Заев, Флори Иљази, Цела Назифи;

Селектор: Раде Каранфилоски

Вториот контролен меч овие две репрезентации ќе го одиграат во четврот, на 31 август.

Се вчитува...