Селекцијата до 16 години загуби од Австрија на првата контрола

Младата репрезентација на Македонија до 16 години загуби од соодветната селекција на Австрија на првиот од двата контролни натпревар кои се закажани во Австрија.

Домаќинот одигра одличен натпревар и сосема заслужена славеше победа од 2-0. Избраниците на селекторот Раде Каранфилоски име неколку изгледни можности за постигнување погодок, но без реализација.

Добис во 13. минута од пенал успеа да ја донесе Австрија во предност. Во последните мигови од мечот Дешишку ги постави конечните 2-0.

Македонија и Австрија ќе одиграат уште еден контролен натпревар на 23. март.

Се вчитува...