Селфи во соблекувалната: Гол или не, на Шкендија не и пречеше да си прослави

Фудбалерите на Вардар се гневни поради непризнатиот гол на дербито во Тетово, но тоа не им пречеше на избраниците на Ќатип Османи да направат победничко селфи во соблекувалната.

Шкендија сега има големи осум бода предност во однос на Вардар. Минималниот триумф (1-0) со голот на Омар Имери ја зголеми разликата во однос на најголемиот ривал Вардар. Контроверзите ќе останат за непризнатиот погодок на Филип Најдовски, но фудбалерите на Шкендија воопшто и не посветуваат внимание на тоа.

Се вчитува...