Брегалница осигура значае потпис за вториот дел од сезоната откако денеска потпиша договор со Ремзифаик Селмани, 26-годишниот голгетер кој има настапувано за сите младински селекции на Македноија.
Селмани првите фудбалски чекори Реми ги започнува во Ренова, каде по само 2 сезони заминува во Унгарија, во Ујпешт. Во кариерата, има настапувано уште за Шкендија, Љапи (Косово), уште 2 сезони во Ренова, каде е најдобар стрелец во ПМФЛ, Мезоковеж (Унгарија), Партизани (Албанија), а последен клуб му е Гостивар. Селмани има 26 години и доаѓа како слободен играч.
Се очекува новото засилување конечно да стави крај на проблемите што Брегалница ги имаше со реализацијата на шансите во првиот дел од сезоната. Штипјани во просек постигнуваа помалку од еден гол на натпревар (17 погодоци на 18 средби), па се очекува со Селмани да проработи и нападот како значајно оружје во претстојната битка за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА