Шкендија против Брегалница во Тетово денеска во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига во обид за приклучок на трката за шампионската титула сезонава.
По трите едноподруго ремија, тетовци сега мора да победат ако сакаат се уште да се надеваат за титулата сезонава.
Но, бодовите се повеќе од неопходни и за Брегалница која до крај ја чека жестока битка за опстанок. Свесен за тоа е и Ремзифаик Селмани кој денеска го очекува дуелот во неговото Тетово.
„Нормално е кога играш пред публиката во твојот роден град мотивацијата да биде на највисоко ниво. Тоа е мој стадион, мој град кај што поминав поголем дел од мојата кариера“ – вели Селмани и дополнува:
„Атмосферата во тимот е одлична, сите сме спремни и се надеваме на позитивен резултат од гостувањето во Тетово, и ќе се избориме за она за што се бориме“.
А, Струга ТЛ, по вчерашната победа на Шкупи, пак, ќе мора триумф во езерската пресметка против Воска Спорт.
ПРВА ЛИГА – 25. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Турново: АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ
Тетово: ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ
Гостивар: ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП
ВЧЕРА
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР 3-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА