Селмани: Вардар е секогаш инспирација, Ренова може до успех

Актуелниот шампион Вардар денеска (16 часот) гостува во Тетово, а Ренова се надева дека може да стигне до позитивен резултат. Дуелите на овие две екипи по традиција не изобилуваат со голови, па и денеска се очекува еден тежок и неизвесен натпревар. Напаѓачот на „гипсарите“, Ремзифаик Селмани, се надева дека неговиот тим ќе успее да го сопре победничкиот чекор на „вардарци“.

„Вардар е фаворит, но Ренова знаела да го изненади и на минатите натпревари. Ќе сториме се за да оствариме позитивен резултат. По поразот од Силекс во Кратово, треба да одиграме многу поквалитетно, а сигурен сум дека имаме капацитет за такво издание. Вардар е секогаш инспирација за нас и верувам дека на крајот ние ќе се радуваме“, вели Селмани во пресрет на денешниот меч.

Ренова во моментот се наоѓа на шестата позиција на табелата со 31 бод, но се надева дека до крајот на шампионатот со добри игри може да избори пласман во Европа.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 25. КОЛО (16 ЧАСОТ)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Ѓорче Петров: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА

Охрид: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ  

Се вчитува...