Селмани заминува од Шкендија и се сели во косовско Лапи

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Ремзифаик Селмани по само шест месеци ја завршува соработката со Шкендија.

21-годишниот Селмани се одлучи да се раздели со тетовци и својата кариера ја продолжува во косовскиот прволигаш Лапи каде тренер е асистенот во македонската репрезентација, Џенгис Реџепи.

Претходно во својата кариера Селмани има настапи и за Ренова како и унгарскиот Ујпешт.

По заминувањето на Селмани, Шкендија пак, согласно најавите, ќе ги засили своите редови со младиот фудбалер од Вардар, Јакуп Бериша.

Се вчитува...