Селта ги елиминира „кралевите“ од Кралскиот куп

Селта направи сензација во Кралскиот куп на Шпанија, елиминирајќи го Реал Мадрид. Домаќинот во Виго успеа да одигра 2-2 и да ја одржи предноста што ја обезбеди на првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ (1-2).

Пред крајот на првиот дел, дефанзивецот Данило беше несреќен за Реал Мадрид, постигнувајќи си автогол. Во 62.минута Кристијано Роналдо со прекрасен погодок го израмни резултатот, но Селта во завршницата преку Даниел Вас повторно стигна до предност, во 85.минута.

Лукас Васкез израмни на 2-2 во 90.минута, но „кралевите“ остана куси за еден погодок и го завршија настапот во ова натпреварување во четвртфиналето.

All Goals & highlights – Celta Vigo 2-2 Real… by footballderby

Се вчитува...