Селта го преслуша Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Селта го совладаа Атлетико Мадрид на домашен терен со 2-0 и се искачија на врвот на табелата во Ла Лига. Двата гола беа постигнати на самиот старт на вториот дел.

Максимилијано Гомез во 46.минута донесе предност за Селта, а Иаго Аспас зголеми на 2-0 само шест минути подоцна. До крајот, тимот на Диего Симеоне немаше одговор за разиграните домаќини и мораше да се помири со поразот.

Се вчитува...