Селта тргнува по Столе Димитриевски

Селта Виго е најновиот тим кој е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. „Сините“ од Виго се во потрага по голман, а еден од изборот е токму Македонецот. Иако има интерес и од други земји, сепак, за Димитриевски приоритет е да остане во Шпанија.

Со оглед дека во Рајо пристигна искусниот Диего Лопез, под знак прашалник е местото на Димитриевски во тимот, па можно е да се случи да биде прораден на друг клуб.

Во зимскиот преоден рок беше многу блиску до остварување на сонот и трансфер во Барселона, но истиот не се случи поради тоа што голманот Нето одби да замине од таборот на „Каталонците“. Исто така беше пред трансфер во Саудиска Арабија, но на крајот остана во Рајо, тим кој обезбеди опстанок во Ла Лига, а Столе Димитриевски имаше голем придонес во тоа.

Се вчитува...