Селтик ја чека Шкендија, ако го елиминира Номе Калју

Македонскиот првак Шкендија го очекува можен дуел со шкотскиот шампион Селтик во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Ќе биде тоа голем предизвик за тимот на Ќатип Османи, кој претходно ќе мора да го елиминира естонскиот првак Номе Калју во првото коло од квалификациите во елитното европско клупско натпреварување.

И Селтик ќе мора да ја мине првата квалификациска рунда во која се среќава со босанскиот шампион Сараево, чиј член е македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски. Мечевите од второто коло во квалификациите за ЛШ ќе се играат на 23/24 јули и на 30/31 јули.

Доколку Шкендија биде елиминирана од Номе Калју, ќе се пресели во второто коло од квалификациите за Лигата на Европа и ќе игра против победникот од дуелот Дуделанж – Валета.

Се вчитува...