Селтик се засили со млад играч од Манчестер сити

Оливие Нчам е третото засилување на шкотскиот првак Селтик за претстојната сезона. 21-годишниот играч од средниот ред потпиша четиригодишен договор, а Селтик му исплати 4,5 милиони фунти на Манчестер сити.

Нчам во претходните две сезони играше за калчоличашот Џенова како позајмен играч. На 237 натпревари постигна три гола, а во Манчестер пристигна во 2012 година како тинејџер.

„Две работи ме наговорија да потпишам за Селтик. Прво, телефонскиот разговор со Брендан Роџерс и неговата филозофија која засега е успешна во клубот, и поранешната соработка со Муса Дембеле. Играв со него во младинските школи во Франција кога имавме 14 или 15 години. Тој ми објасни се за клубот, прекрасната атмосфера на стадионот, како и нивните амбиции. Воопшто не беше тешко да донесам одлука“, изјави Нчам во неговото прво интервју за клубот.

Се вчитува...