Селтик тргнува со сите сили по Миовски

Селтик е подготвен да тргне со сите сили по Бојан Миовски, откако скаутите на шкотскиот гигант го посочиле токму Македонецот како идеално засилување за „зелено-белите“. Гигантот од Глазгов од почетокот на сезонава покажуваше интерес за нашиот голгетер, Миовски беше поврзуван со трансфер и во пресрет на јануарскиот преоден рок, но тогаш „зелено-белите“ решија да не ангажираат нов голгетер.

Сега ситуацијата е поинаква, тренерот Брендан Роџерс е свесен дека му е неопходен нов класичен напаѓач во тимот, а управата е подготвена да го одврзе кесето за да го доведе Миовски во своите редови.

Македонскиот репрезентативец игра сезона за паметење, што дополнително ја зголеми неговата вредност на пазарот. Ставот на Абердин отсекогаш беше дека ако Миовски си замине, тоа мора да биде за значителна отштета, а според медиумите на „островот“ неговиот трансфер ќе биде рекорден меѓу два шкотски клуба. Сегашниот рекорд е сопствениот на Скот Браун, кој беше доведен од Хибернијан во Селтик за 4,4 милиони фунти, доде, а сумата за која Абердин ќе го продаде Македонецот ќе изнесува околу пет милиони фунти.

Одлична заработка ако се знае дека Абердин во 2022 година го доведе Мивоски од МТК Будимпешта за само 650.000 фунти.

Се вчитува...