Селтик стигна до злато вредни три бода во шкотската Премиерлигата откако во 21. коло славеше на домашен терен со 2-1 во дерби натпреварот против големиот ривал Ренџерс.
Натпреварот го отвори Бернардо со гол во 25. минута за делириум на стадионот, а предноста од 1-0 домашниот тим ја задржа и на полувремето. Веќе во втората минута од второто полувреме Фурухаши донесе предност од 2-0, а и покрај тоа што Ренџерс остана со играч помалку во 71. минута, Таверние во 88. минута успеа да намали на 2-1 од слободен удар.
Со овие три бода Селтик ја зголеми предноста на осум бода пред Ренџерс на врвот на табелата, но „сините“ имаат и два натпревари помалку во однос на конкурентот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА