Семејството на италијанскиот фудбалер во очај: Пред само две недели Астори стана за првпат татко

И официјалните информации од Апенините говорат дека капитенот на Фиорентина, Давие Астори изминатава ноќ починал во сон во хотелската соба во Удине по доживеан срцев удар.

Неговото семејство е во очај по големата трагедија, пренесуваат италијанските медиуми.

„Астори пред само две недели беше најсреќниот човек на светот. За првпат стана татко. Толку многу се израдува на татковството кое долго го очекуваше. А, сега не затекна оваа трагедија“ – велат блиски роднини на семејството Астори.

31-годишниот италијански репрезентативец кариерата ја започна во дресот на Милан. Потоа настапуваше за Каљари, а од 2015 година беше член на Фиорентина. За селекцијата на Италија имаше 14 настапи.

Се вчитува...