Семејството на Михаел Шумахер ја демaнатира веста што го обиколи светот

Семејството на Михаел Шумахер денеска ја демантира веста што се прошири во медиумите дека ќе ја напуштат Швајцарија и ќе се преселат на Мајорка.

Седумкратниот светски шампион се наоѓа во комплетна изолација од јавноста по тешките повреди со кои се здоби на скијање во француските Алпи во декември 2013 година. Изминативе години Шумехар престојува на семејниот имот во Швајцарија на брегот на Женевско Езеро, а швајцарските медиуми деновиве објавија дека семејството ќе се сели на Мајорка каде сопругата на Шумахер, Корина наводно купила луксузен имот вреден 30 милиони евра во градчето Андрач, од претседателот на реал Мадрид, Флорентино Перез.

Шпанските медиуми дури пренесоа и изјава од градоначалничката на Андрач која потврдува дека Михаел Шумахер ќе се пресели кај нив и дека се е подготвено за неговото доаѓање.

Но, портпаролката на семејството Шумахер, Сабине Кем ги негираше овие вести кои го обиколија светот.

Семејството Шумахер нема намера да се сели на Мајорка“ – наведува Кем во изјавата испратена до агенцијата Франс прес.

Михаел Шумахер кој во јануари ќе наполни 50 години, пред несреќата со семејството често летуваше на Мајорка што се поврзуваше и со последната вест дека тој ќе биде пренесен и ќе продолжи со лекување на шпанскиот остров.

Се вчитува...