Семејството на Сала не сака минута молчење овој викенд

Семејството на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала не дозволува францускиот клуб Нант овој викенд да му оддаде почит со минута молчење. Тој беше во исчезнатиот авион што требаше да замине за Кардиф, но му се изгуби секаква трага, а и полициските сили и спасувачките екипи не можеа да го детектираат. Сите стравуваат од најлошото, а сестрата на Сала замоли потрагата да продолжи.

Навивачите на Нант, клубот каде што досега настапуваше Емилијано Сала, му изразуваат последна почит пред тренинг – базата на францускиот тим, а семејството се уште не ја губи надежта тој и пилотот на авионот ќе бидат пронајдени живи.

Се вчитува...