Манчестер Сити излезе како победник од трката по Антоан Семењо, за крилниот офанзивец се интересираа речиси сите англиски гиганти, но тој на крајот реши да ја прифати понудата на „граѓаните“ и веќе во јануари да му се приклучи на тимот на Пеп Гвардиола.
Клаузулата од 65 милиони фунти ќе биде активирана, англиските медиуми тврдат дека преговорите намерно се одолговлечени од страна на Сити – за Семењо да може да настапи за Борнмут на денешниот домашен дуел со Арсенал. Сити е во трка со „топчиите“ за првото место на табелата, па Гвардиола со право се надева дека Семењо со добра игра би можел да ги замрси сметките на лидерот на табелата.
„Семењо ќе игра против Арсенал, тоа е сигурно. Свесен сум за шпекулациите, знам дека постојат преговори, но фактичката состојба е дека тој е наш играч и неговата помош ќе ни биде добредојдена против ривал како Арсенал“, потврди менаџерот на Борнмут, Андони Ираола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

