Семењо влезе во историјата на англискиот фудбал

Новото засилување на Манчестер Сити , Антоан Семењо, ќе влезе во историјата на англискиот фудбал, станувајќи првиот играч кој стигнал до финалето на Карабао Купот во истата сезона во која веќе бил елиминиран од натпреварувањето со друг тим.

Ова беше овозможено откако правилата беа променети пред почетокот на сезоната, така што играчите кои играле за еден клуб можат да играат за друг во следната фаза од натпреварувањето, но мора да биде регистриран пред првото полуфинале.

Крилниот напаѓач беше дел од тимот на Борнмут кој испадна од Карабао купот откако загуби од Брентфорд во второто коло од Лига купот во август. „Граѓаните“ ја платија откупната клаузула од 62,5 милиони фунти за да го доведат играчот на стадионот „Етихад“ во јануари. Семењо веќе импресионираше за Манчестер Сити , постигнувајќи два гола во три натпревари досега.

Се вчитува...