Фудбалската федерација на Сенегал поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана, а конечната одлука за тоа кој ќе го освои трофејот на Африканскиот куп на нации ќе биде донесена на 8 октомври.
Со тоа се планира да се расчистат нерасчистените прашања што се влечат уште од финалето на континенталното првенство одиграно на 18 јануари во Рабат, каде што титулата накнадно му беше доделена на домаќинот Мароко, иако Сенегал победи по голема драма и продолженија.
Сенегалците триумфално си заминаа со трофејот и медалите откако беше донесена таа неверојатна одлука, бидејќи официјалниот резултат од 3-0 за Мароко беше објавен дури два месеца по завршувањето на натпреварот.
Останува да видиме дали наесен титулата официјално ќе му биде вратена на Сенегал, но јасно е дека трофејот, како физички предмет, нема да оди никаде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
