Сениорките на 37 место во Европа

Женската кошаркарка репрезентација на Македонија забележа скок од четири места според последното рангирање на ФИБА. Сега „црвено-жолтите“ се наоѓаат на 37. место во Европа, односно 75. место во светот со вкупно 82.1 поени.

На првото место во светот останува САД, а потоа следат Шпанија, Австралија, Канада, Франција, Белгија, Кина, Јапонија, Турција, а првите десет места ги комплетира Србија. Од поранешната држава Црна Гора се наоѓа на 20. место, Словенија на 25. место, Босна и Херцеговина на 27. место и Хрватска на 29. место.

Се вчитува...