Сениорките подобри од младинките на последната контрола пред Медитеранските игри

Македонската женска сениорска одбојкарска репрезентација триумфираше со 3-1 (25-22, 25-17, 23-25, 25-22) против младата селекција на Македонија за одбојкарки до 20 години, во последната тренинг контрола на двете репрезентации во пресрет на учеството на Медитеранските игри во Таранто, односно Зонските квалификации во Мостар.

За У20 тимот подготовките завршија со овој натпревар и тие утре имаат слободен ден, додека в понеделник патуваат за БиХ, каде од 19 до 23 ќе играат во евро-квалификациите.

Сениорската селекција, пак, од 20 август ќе учествува на Медитеранските игри во Таранто.

Се вчитува...