Сениорките во пет сета подобри од младинките во контролен натпревар

Сениорската репрезентација на Македонија победи со 3-2 (27-29, 25-21, 23-25, 25-15, 15-7) над У20 селекцијата во првиот од двата тренинг натпревари со кои и двете екипи ќе ги финишираат подготовките за настапот на Медитеранските игри, односно Зонските квалификации за ЕП 2027.

Во одличен натпревар во пет сета, во кој одново двата селектори константно комбинираа со поставата, шанса да играат добија сите одбојкарки. Селекцијата до 20 години презентираше силна мотивираност и понуди голем отпор со кој потврди дека е подготвена за предизвикот наречен евро-квалификации.

Сениорките, пак, ги воигруваат линиите и ја темпираат формата за што поподготвени да влезат во дуелите во Таранто.

Се вчитува...