Сенси ќе паузира само две седмици

Фудбалерот за врска на Интер, Стефано Сенси, ќе се врати во составот на „нероаѕурите“ за две седмици, веднаш по репрезентативната пауза. Тој се здоби со повреда на бутниот мускул на дербито против Јувентус (1-2) и ќе го пропушти репрезентативните обврски со Италија, но за среќа проблемот не е премногу сериозен.

Сенси има истегнување на адукторот на десната нога, но медицинските прегледи покажаа дека же бидат потребни десетина дена за да се врати во тренажен процес. Стефано Сенси игра одлично во дресот на Интер од стартот на сезоната и постигна три гола на седум натпревари.

Се очекува тој да настапи на дуелот до Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, на кој „нероаѕурите“ немаат право на нов „кикс“ ако сакаат да се пласираат во нокаут фазата од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...