Сенси се враќа во тимот на Интер за гостувањето во Болоња

Тренерот на Интер, Антонио Конте, ќе го има на располагање Стефано Сенси за денешниот дуел од Серија А против Болоња. Тој ја надмина повредата на мускулот поради која отсуствуваше неколку седмици, а се повреди на мечот против Јувентус (1-2) на „Џузепе Меаца“.

„Нероаѕурите“ ќе бидат без левиот бек Квадво Асамоа кој остана надвор од составот за овој меч со одлука на тренерот Конте. Тој добива одмор пред важното гостување на италијанскиот тим во Дортмунд следната седмица во рамките на ЛШ.

 

Се вчитува...