Сент Етјен настрада од моќниот ПСЖ

ПСЖ лесно и убедливо славеше над Сент Етјен со 0-4, јасен знак дека кризата со која „светците“ се соочуваа до пред извесно време сега е минато. Томас Тухел се реши за ултра-офанзивна формација со Мбапе, Нејмар и Икарди помогнати од Ди Марија, што придонесе францускиот првак лесно да создава шанси и на крајот да стигне до убедлива победа.

Паредес го отвори резултатот со прекрасен погодок, а Мбапе пред крајот на полувремето зголеми на 0-2. Нејмар не реализираше пенал на стартот од вториот дел, но ПСЖ до крајот успеа да постигне уште два погодоци, преку Икарди во 72. и Мбапе во 89. минута.

„Светците“ со овој триумф имаат седум бода предност во однос на второпласираниот Олимпик Марсеј, но и натпревар помалку од оваа екипа.

Се вчитува...