Сент Гален тргнува по Никола Ѓорѓев

Во јануарскиот преоден рок македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев од Грасхоперс би можел да ја смени средината. Според информациите, Сент Гален е во пол позиција за неговиот потпис уште сега во јануари.

Ѓорѓев е подготвен да ја смени средината, за да има поголема минутажа. Сезонава одигра вкупно осум натпревари а Грасхоперс, и постигна еден гол. Играше и за вториот тим на Грасхоперс два меча и постигна два гола.

Но, шест натпревари се премалку за амбициите и за целите на фудбалерот на македонската репрезентација, а згора на тоа неговиот договор истекува по крајот на сезоната, па сега расмизлува за промена на средината. Сент Гален се јави со интерес, му нуди 1,5 годишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште една. Или, позајмица до крајот на сезоната, а потоа ако се договорат, за целосен договор како слободен агент.

Ѓорѓев беше дел од националниот тим на дел од натпреварите во квалификациите за пласман на СП.

Се вчитува...