Сент Паули по 13 години се врати во Бундеслигата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Сент Паули во 33. коло од втората Бундеслига славеа со 3-1 против Оснабрук со што на коло пред крајот на сезоната обезбедија враќање во елитниот ранг на германскиот фудбал за прв пат по 2011 година.

До триумф Сент Паули го предводеа Афолајан кој ја тресеше мрежата во 7. и 58. минута и Хартел кој стрелаше во 68. минута. Конечните 3-1 ги постави Кехл со реализација од белата точка во 91. минута.

По последниот судиски свиреж следеше и „инвазија“ на теренот од стана на домашните навивачи кои се добро познати по фанатичното навивање.

Се вчитува...