Сент Паули во завршни преговори со Инголштад за Муслиу

Висар Муслиу би можел да ја продолжи кариерата во Сент Паули, откако членот на втората Бундеслига е во завршни преговори со Инголштад за ангажман на македонскиот стопер.

За потсетување, овој трансфер беше најавен уште пред еден месец, но тогаш немаше договор околу цената на стоперот. Сега, според медиумите во Германија, двете страни нашле заеднички јазик и се чини дека Муслиу ќе оди во Сент Паули.

Се преговара за откуп, но доколку тоа не успее, тогаш во опција е и позајмица со задолжителен откуп на крајот од сезоната во висина од околу 1 милион евра. Со тоа Муслиу повторно би добил шанса да игра во втората Бундеслига, каде што играше лани, но Инголштад не успеа да избори опстанок па се пресели во третата лига на Германија.

Се вчитува...