Сензација: Австралија ја совлада фаворизираната Турција

Кога Турција играше против Македонија пријателски натпревар на почетокот на јуни, селекторот Винченцо Монтела рече дека играат сличен фудбал, затоа ја одбрал нашата селекција како ривал. Меѓутоа на теренот приказната е сосема поинаква. Ако тогаш Турција победи со 4-0, сега загуби од Австралија со 2-0.

Стрелец на единствениот гол во првото полувреме беше Нестори Иранкунда. Окон-Енгестлер испрати феноменална топка во длабочина, а Иранкунда излезе сам, се ослободи од голманот Чакир, и стрелаше во мрежата. 

Од Турција се очекуваше многу повеќе, да притиснат, да се обидат да се вратат. Нивните обиди беа одлично спречени од Патрик Бич, голманот кој доби предност пред првиот Метју Рајан.

Јалова беше иницијативата на Турците, а потоа дојде и казната. Меткалф беше прецизен во 75. минута и донесе 2-0. До крајот Австралијците успеја да ја задржат предноста, ставајќи ја Турција во незгодна позиција за пласман во следната фаза.

Се вчитува...