Сензација во најава: Конте се враќа на клупата на Јувентус?!

Антонио Конте ја започна доминацијата на Јувентус во Италија и истата ќе ја запре од клупата на Интер, а италијанските медиуми најавуваат вистинска сензација за навивачите на „старата дама“ и шок за навивачите на „нероаѕурите“ во текот на летото.

Имено, 51-годишниот стратег нема долго да се задржи на клупата на Интер бидејќи веќе летово ќе се врати во редовите на Јувентус каде по лошата сезона ќе го замени легендарниот Андреа Пирло, пренесува новинарот Паоло Барџиџи од влијателниот весник „Кориере дело спорт“. Конте се уште нема потпишано нов договор со Интер, актуелниот му истекува во 2022 година, а Јуве ќе се обида да го ангажира плаќајќи му отштета на големиот ривал.

Според Барџиџи легендата на Јувентус кој ги бранеше боите на овој клуб од 1991 до 2004 година е правата опција за наследник на Пирло, а покрај Конте се споменува и Масимилијано Алегри кој го предводеше Јувентус пет години.

Новинарот на „Кориере дело спорт“ тврди дека Ањели дефинитивно останува на функцијата претседател, додека Андреа Пирло ќе добие отказ без разлика дали ќе обезбеди пласман во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...