СЕНЗАЦИЈА НА ЕП: Крај за Италија, Финска е во полуфиналето

Актуелниот светски шампион Италија доживеа изненадувачка елиминација на одбојкарското Европско првенство на кое е домаќин откако во четвртфиналето во трилер меч загуби од  Финска со 3-2, по сетови 21-25, 28-26, 25-16, 20-25 и 15-13.

Италијанците добро отворија освојувајќи го првиот сет со 25-21. Финците одиграа неверојатни два сета по кои имаа предност од 2-1. Италија израмни на 2-2, но во тај-брејкот Финска беше подобра со 15-13 за голема победа и пласман во полуфиналето.

Таму за противник ќе го имаат олимпискиот шампион Франција, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Полска и Словенија.

Се вчитува...