Сензација во Мелбурн: 36-годишна Хрватка во полуфиналето на Австралија опен

Хрватската тенисерка Дарија Јурак се пласираше во полуфиналето на турнирот во двојки на Австралија опен.

Јурак, на свои 36 години, во четвртфиналето заедно со 12 години помладата српска тенисерка Нина Стојановиќ славеа против Круниќ/ Тревисан со 6-7, 6-3, 6-2.

Ова е најголем резултат за хрватската тенисерка во кариерата. За пласманот во полуфиналето со Стојановиќ заработија 150.000 долари. Претходно, хрватско-српската двојка ги елиминираа и првите носителки на турнирот Су-Веи Хсиех и Барбара Штрицова.

Се вчитува...