Сензација на Ролан Гарос: Испадна четвртиот носител Медведев

Петтиот тенисер во светот, Данил Медведев сензационално испадна во првото коло на Ролан Гарос.

Медведев, кој во Париз беше четврти носител, е елиминиран од Унгарецот Мартон Фучович со 6-4, 7-6, 2-6, 6-1. За Унгарецот ова беше прва победа против Медведев во четвртиот меѓусебен дуел.

На неодамна завршниот УС Опен, Медведев без загубен сет дојде до полуфиналето во кое беше запрен од освојувачот на турнирот, Доминик Тим.

Се вчитува...