Сензација на Ролан Гарос: Италијанецот Цечинато го елиминира Ѓоковиќ и оди во полуфиналето

Италијанскиот тенисер Марко Цечинато, кој се наоѓа на 72.место на АТП-листата, го одигра мечот на животот и го совлада некогашниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови, пласирајќи се во полуфиналето на гранслем турнирот Ролан Гарос. Таму ќе ги одмери силите со Доминик Тим, кој со 3-0 во сетови беше подобар од Александер Зверев.

Цечинато најави можно изненадување уште во првиот сет. Го доби со 6-3 во гемови, откако Ѓоковиќ не беше најдобро фокусиран на свој сервис. Но, потоа Италијанецот беше поуспешен и во вториот сет, откако победи во тај-брејк, на поени со 7-4. Тоа беше веќе сериозна најава за сензацијата.

Србинот се врати доминантно во третиот сет освојувајќи го со 6-1 во гемови. Четвртиот сет беше приказна за себе. Се играше тај-брејк повторно, а во него дури 24 поени. На крајот, Марко Цечинато славеше со 13-11 и ја оствари најголемата победа во кариерата на еден гранслем турнир.

Се вчитува...