Сензација на Ролан Гарос: Плишкова елиминирана од Мартиќ

Втората носителка на Ролан Гарос, Каролина Плишкова од Чешка доживеа елиминација во третото коло од Петра Мартиќ од Хрватска. Хрватската тенисерка беше подобра во текот на целиот меч, а до победата стигна за 1 часи и 27 минути игра со идентични 6-3 во двата сета.

Мартиќ во осминафиналето ја чека подобрата од мечот меѓу Русинката Кудерметова и Каја Канепи од Естонија. Во осминафиналето во женска конкуренција пласман обезбедија и Анастасија Севастова од Летонија која во маратонски меч со 2-1 ((6-7, 6-4 и 11-9) беше подобра од Белгијката Мертенс, како и Маркета Вондрушова од Чешка која ја совлада Суарез Наваро од Шпанија.

Кај машките се уште нема комплетирано меч од третото коло, а на терените во Париз, настап ќе имаат Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Се вчитува...