Сензација на Суперглоуб – Магдебург ја „понижи“ Барселона

Освојувачот на Лигата на Европа од минатата сезона, германскиот Магдебург стигна до сензационална титула на светското клупско ракометно првенство, откако во финалето на убедлив начин славеше над големиот фаворит Барселона со 33-28.

Германците уште од самиот старт почнаа одлично и со феноменална игра особено во фазата на напад на пауза заминаа со предност од 19-16. Како одминуваше мечот бундеслигашот играше се подобро и подобро и на крајот стигна до убедлив триумф од 33-28.

За германскиот клуб ова е прва титула во ова натпреварување, додека Барселона со поразот во финалето ја прекина серијата од три последователни титули на Суперглоуб.

Се вчитува...